Приведен дилер на хероин од Кавадарци

пред 4 години

Во Кавадарци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Кавадарци, вчера, го лишиле од слобода 38-годишниот П.М. од Кавадарци.

Како што информира МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top