Приведен дилер од Скопје

пред 3 години

Инспектори од единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје на 01.03.2021 во 19.20 часот извршиле претрес во домот на А.П.(24) од Скопје.

„При претресот пронајдено е: ЛСД, дигитална вага со остатоци од марихуана и семки од канабис“, информираат од МВР.

Додаваат дека лицето кај кое е пронајдена дрога е лишено од слобода .

За понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, според информации од МВР, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Scroll to Top