Приведен разбојник од Скопје

пред 3 години

Викендов на подрачјето на Бит Пазар, полицијата го привела Р.Д.(22) од Скопје, кој истиот ден ограбил 83-годишна скопјанка.

Тој со употреба на физичка сила на жената и ја одзел ташната со лични документи и пари.

Од МВР велат дека се пронајдени предметите кои се вратени кај жената, а приведениот бил затекнат и со марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Scroll to Top