Пукање пред кафеана во скопски Аеродром

пред 4 години

Ноќеска во 1:28 часот по полноќ во СВР Скопје, 46-годишниот А.С. од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, едно лице во два наврата во воздух испукало проектили од огнено оружје.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и биле пронајдени три чаури од огнено оружје, кои се подигнати од екипа од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top