Раиф Мифтари е посредникот за лажни пасоши по кого трага полицијата

пред 3 години

Скопјанецот Раиф Мифтари е лицето кое се гони бидејќи посредувало за македонски пасоши со лажен идентитет на криминалци кои биле членови на нарко картели, но и меѓународни банди, дознава „А1он“. Тој пред четири дена успеа да им избега на МВР кои ја спроведуваа акцијата, а во која беа уапсени десет лица. За него беше распишана локална потерница, а откако не е пронајден, Обвинителството издаде наредба за распишување на меѓународна. Тоа значи дека постојат сомневања дека Мифтари е избеган надвор од Македонија.

„Мифтари Раиф, од татко Емин и мајка Радифе, роден 14.11.1981 година во Скопје, каде и живее на улица Клинска Леса. Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од 09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“, во објавената потерница на МВР.

На шест уапсени лица во акцијата на МВР им е одреден и притвор како мерка на претпазливост. И на Мифтари му е одреден притвор, кој ќе се спроведе откако ќе биде пронајден.

Како што објави Обвинителството, првата кривична пријава се однесува на 215 незаконски издадени патни исправи, при што осомничените им овозможиле на странски државјани да се стекнат со патна исправа на Македонија под туѓ, македонски идентитет, а со фотографија од лицето на кое му била издадена патната исправа. Притоа се користел идентитет на лица кои живеат во дијаспората.

Со втората пријава, пак, се опфатени 4 незаконски издадени пасоши при што искористени биле повеќе матични броеви издадени на 1 лице, кои не биле опфатени со постапка за нивно поништување, со цел да се креира нов идентитет, кој потоа со фотографија од лицето кое бара пасош бил употребен за да се издадат нови незаконски патни исправи

Scroll to Top