РСБСП: „Стави појас!“ – За твоја безбедност!

пред 3 години

Новинaри, спортисти, водители, артисти и останати јавни личности испраќаат порака „Стави појас!“, како дел од кампањата на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи за подигнување на свеста за поголема употреба на појасите од страна на возачите и патниците.

РСБСП информира дека минатата година, 125 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а околу 5.500 лице се повредени.

– Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате. Секојдневно сме сведоци на голем број сообраќајни незгоди и се почесто доаѓаме до заклучок дека е речиси невозможно да помине едно деноноќие или еден викенд а да не се случи тешка сообраќајна незгода со повредени или загинати лица. Затоа, секогаш, кога ќе влезете во автомобил, првата работа што треба да ја направите, за да се заштитите самите себе, е да ставите појас, порачуваат од РСБСП.

Дел од пораките што ги пренесуваат познатите личности во кампањата се: „Стави појас! – Не вреди ризикот!“, „Секој живот е важен – Стави појас!“, „Стави појас и не глуми фраер!“, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил“.

Од РСБСП велат дека многу често кога ќе се случи сообраќајна незгода со фатални последици се поставува прашањето: „А користел ли појас?“. За жал, според нив, оваа прашање се поставува најчесто кога веќе е премногу доцна, па затоа велат дека оваа состојба мора да се промени и за таа цел ја реализираат кампањата „Стави појас!“.

Scroll to Top