Во Скопје 236 санкционирани возачи, 35 за брзо возење, 31 за некористење сигурносен појас

пред 3 години

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, 41 санкција што ја чинат пешаците, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 31 за некористење сигурносен појас и 45 за непрописно паркирани возила, соопштија денеска од МВР.

Засилените сообраќајни контроли, највуваат, продолжуваат и во наредните денови.

Scroll to Top