Санкционирани 271 возачи во Скопје

пред 4 години

На територија на град Скопје вчера беа изречени вкупно 271 санкции, од кои 38 се за возење без возачка дозвола, а 32 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што информира МВР, изречени се десет мерки за управување возило под дејство на алкохол, четири санкционирани мотоциклисти, како и 41 мерка за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Scroll to Top