Санкционирани 435 возачи во Скопје

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 435 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 81 санкција, 41 мерка за нерегистрирани возила, 15 санкции за технички неисправни возила за јавениот превоз, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 16 санкции за управување под дејство на алкохол, 27 мерки за некористење сигурносен појас, 17 санкции за користење на мобилен телефон, 36 мерки за непрописно паркирани возила, и 31 санкција за неносење заштитна маска.

МВР соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top