Се полнат ковид центрите: Во Скопје повторно 55 нови пациенти

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 428 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 587 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1015.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 3 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 8 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Scroll to Top