Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и аксиозност кај обвинителката

пред 4 години

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај обвинителката. Ова стои во вештачењето кое нејзиниот адвокат го презентираше на рочиштето во Граѓанскиот суд каде ја тужи партијата заедно со лидерот Христијан Мицкоски и генералниот секретар кој поднесе оставка, Игор Јанушев. Од нив бара 10.000 евра оштета, за кои најави дека ќе ги донира во хуманитарни цели. Адвокатот кој ја застапува Русковска на судењето образложи дека ВМРО-ДПМНЕ преку спотовите ја клеветеле обвинителката дека не работи според законите, а пред судот, не доставиле докази дека не го направиле тоа. Бранителот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, пред судот тврдеше дека спотовите биле обид за на саркастичен начин да се искритикува работата на СДСМ и обвиниелката како јавен функционер, а адвокатот на Русковска реагираше дека не станува збор за јавна критика со факти, туку ликот е употребен во кампања каде таа не ни учествува. Одбери обнова! Треба да избереш како ќе изгледаат следните четири години. Четири години уште повеќе неуспеси, колабирана економија, растечка невработеност и зголемено иселување? Или четири години надеж и обнова со мене? #ОдбериОбнова#ИсправиСеМакедонијо Posted by Hristijan Mickoski on Петок, 03 јули 2020 Обвинителката Русковска уште во текот на кампањата побара од ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече спотовите „Штанд на лагите“ и „Криминална вистина“, а притоа, да се извинат за клеветите, што не се случи. Криминална приказна Време е за посреќна приказна за вашите деца!#ИсправиСеМакедонијо, одбери #обнова Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Сабота, 27 јуни 2020 извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top