Толпа нападнала струмички полицајци додека апселе криминалец, морале да пукаат во воздух

пред 3 години

Струмички полицајци биле нападнати од страна на толпа на улицата „Бетовенова“ во градот вчеравечер, кога уапсиле 32-годишен криминалец баран за повеќе сторени кривични дела, кој требало да оди во притвор.

„Во доцните вечерни часови на 3 јануари на улицата „Бетовенова“ од припадници на струмичката полиција уапсен бил Ш.М.(32) од Струмица за повеќе сторени кривични дела и одредена мерка притвор. При преземање на мерките за негово приведување, повеќе лица ги нападнале полицајците со тврди предмети, при што од страна на полициските службеници биле испукани неколку предупредувачки куршуми во воздух,“ се вели во соопштението од МВР.

За напаѓачите ќе бидат преземени соодветни мерки, а Ш.М. бил спроведен до затворот во Скопје за издржување на казната, додаваат од полицијата.

Scroll to Top