Тројца дилери фатени додека продавале дрога во Градскиот парк

пред 3 години

Полицијата приведе тројца дилери кои синоќа продавале марихуана во Градскиот парк во Скопје.

„При извршен претрес кај лицата А.Р.(23), А.О.(21) и 17 годишен малолетник сите од Скопје пронајдена е поголема количина на марихуана како и една дробилица“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Scroll to Top