Двајца дилери фатени со амфетамин и марихуана во скопски Карпош

пред 3 години

Скопската полиција соопшти дека денеска на улицата „Никола Тесла“ во населбата Карпош уапсила двајца осомничени дилери, кај кои се пронајдени амфетамин и марихуана.

„На 24.03.2021 по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје на ул. Никола Тесла во Скопје во возило „даеву“ со скопски регистерски таблички, управувано од Д.А. (37), а сопатник бил С.Н. (40), пронајден е амфетамин и дигитална вага,“ се вели во полициското соопштение.

„Двајцата се лишени од слобода, а потоа е извршен претрес во дом на Д.А. каде се пронајдени амфетамин, марихуана и вага. Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство,“ додаваат од МВР.

Scroll to Top