Уапсени двајца тетовци во чиј „голф“ бил пронајден кокаин

пред 3 години

Во вечерните часови на 26 ноември во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници на СВР-Tетово ги уапсиле М.Ј.(43) и Ф.И.(33), двајцата од тетовското село Слатино.

Како што информираат од МВР, при преглед на автомобилот „фолксфаген голф“ со кој се превезувале двајцата тетовци, пронајден бил кокаин.

Двајцата се задржани во полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Scroll to Top