Угостителски објект во Франгово работел по 23 часот

пред 4 години

Угостителски објект во струшкото село Франгово синоќа не ја почитувал одлуката за ограничено работно време.

СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера реализирал контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време до 23 часот.

„Непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село“, информираа денеска од полицијата.

Против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

Scroll to Top