Фатен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

пред 3 години

Триесет и осумгодишен скопјанец е приведен во полиција, поради сомнение дека истиот ден извршил тешка кражба од автомобил на ул.„Христо Татарчев“.

По преземени мерки и активности и извршен разговор, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот.

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик.

Scroll to Top