417 казни за неносење маска,10 лица ја прекршиле забраната задвижење

пред 3 години

10 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 22.00 часот на 04.04.2021 до 05.00 часот на 05.04.2021, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци, додаваат од ресорното министерство.

Од таму со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top