1376 пациенти се лекуваат во Скопје и во останатите ковид центри низ земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 890 пациенти позитивни на корона вирусот – информираат од Министерството за здравство.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 115 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 80 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 51, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1376 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Scroll to Top