15 лица ја прекршиле забраната за движење

пред 3 години

15 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 23.00 часот на 10.05.2021 до 05.00 часот на 11.05.2021, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 449 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top