44 лица ја прекршиле забраната за движење

пред 3 години

44 лица не ја почитувале забраната за движење во периодот од 21.00 часот на 29.04.2021 до 05.00 часот на 30.04.2021 известува министерството за внатрешни работи.

Од таму додаваат дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, за мерката за носење лична заштита на лице, биле регистрирани 432 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top