Забраната за движење ја прекршиле 49 лица

пред 3 години

49 лица ја прекршиле забраната за движење од вчера во период од 20.00 часот до утрово во 05.00 часот, информира министерството за внатрешни работи.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 512 прекршоци, додаваат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top