395 казни за брзо возење на територија на цела држава

пред 3 години

395 возила на територијата на цела држава вчера биле санкционирани заради тоа што возеле над дозволената брзина, известува МВР.

Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови информира МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top