786 казни за брзо возење на територија на цела држава

пред 3 години

Казни за 786 возила на територијата на цела држава поради возење над дозволената брзина, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час, повеќе од дозволеното, а 24 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР.

Од таму апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност на патот.

Scroll to Top