Австралиска обложувалница почна со исплата на оние што се обложиле на Бајден

пред 4 години

Австралиската обложувалница „Спортсбет“ објави дека веќе исплатила околу 16,5 милиони долари на оние кои се обложиле на демократот Џо Бајден на претседателските избори во Америка.

Конечните резултати од изборите во САД сè уште не се познати, но американските медиуми и политички аналитичари сметаат дека Бајден е поблизу до победата, иако Трамп сè уште има шанса.

„Спортсбет“ објави дека веќе исплатиле 23 милиони австралиски долари (16,5 милиони долари) на околу 100 илјади луѓе кои се обложиле на демократот.

„Целосно сме убедени дека Бајден ќе победи“, објави портпаролот на австралиската обложувалница.

Scroll to Top