Албанија сакаат да ја напуштат 87 отсто од лекарите

пред 4 години

Спроведената анкета потврдува дека дури 87 отсто од лекарите во Албанија, поради условите за работа и ниските плати, сакаат да ја напуштат земјата и да заминат, главно во Германија.

-Дури 78 отсто од лекарите кои беа опфатени во една студија рекоа дека сакаат да ја напуштат Албанија и да работат во земјите на ЕУ, претпочитајќи ја Германија. Само во последните пет години во Германија заминале 875 лекари од општа пракса и специјалисти, вели Мараш Логу познат активист од граѓанското општество.

Во меѓувреме специјализантите по медицина од отворената квота бараат од владата да ги стави во владината квота и да им ги обезбеди средствата за специјализација, бидејќи „тешко им е да преживеат а не и да ја плаќаат специјализацијата“.

Алесиа Мехмети специјализант по кардиохирургија за Ора њуз телевизија вели дека поради неможноста да ги обезбеди трошоците принудена е да работи.

-Специјалист кој е во бесплатна квота не плаќа ништо во Универзитетскиот клинички центар а ние должни сме самите да ги платиме сите трошоци за живот, вклучително и школарината. Морам да работам во приватна болница за да ги покријам трошоците, додава Алесиа.

На студент по медицина му требаат околу 11 години за факултет и специјализација, за што му се потребни средства во износ од 6.225.000 леки.

Ако се има предвид нивото на платите во Албанија, лекарот ќе мора да работи од 7,1 до 8,6 години за да ги врати сите инвестиции во текот на годините на образование.

Според Федерацијата на албански лекари во Европа во периодот од 2010 до 2020 година Албанија ја напуштиле 4.000 лекари од општа пракса но и специјалисти по одредена медицинска гранка.

Многу поголема е бројката на медицинските техничари кои ја напуштиле Албанија.

Според Елсон Јачај, претседател на друштвото на медицински техничари во Албанија, само во перодот 2017-2020 година земјата ја напуштиле околу 9.000 лица-средномедицински кадар.

Scroll to Top