Албанија ќе набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19

пред 4 години

Албанија планира да набави над 1,1 милион дози вакцини против Ковид-19, a денеска до Парламентот е доставен Предлог – закон со кој се вклучување на земјата во глобалниот механизам за набавка на вакцината „Ковакс“.

-Со овој Предлог-закон се предвидува набавка на 1.140.000 вакицини за што ќе бидат потрошени 3,9 милиони долари. Според владата, овој број вакцини ќе бидат наменет за 20 отсто од популацијата и се предвидува едно лице да добие две дози од вакцината, пренесува Топ чанел телевизија.

Во Албанија овој месец е влошена состојба. Во просек дневно се регистрираат по повеќе од 200 нови случаи или околу 20 отсто од тестираните. Вчера од направените 1.375 тестови, Ковид-19 е дијагностициран кај 297 лица, што е околу 22 отсто од тестираните.

Scroll to Top