Бајден го призна масакрот на Ерменците во 1915 година за геноцид

пред 3 години

Џо Бајден стана првиот американски претседател кој масакрот на Ерменците во Првата светска војна, извршен од војските на Отоманското Царство, официјално го призна за геноцид. Ваквата постапка тој му ја најави на турскиот претседател Ердоган во телефонски разговор.

„Американскиот народ им оддава почит на сите Ерменци кои настрадаа во геноцидот што почна на денешен ден пред 106 години. Почнувајќи на 24 април 1915 со апсењето на ерменските интелектуалци и локални лидери во Цариград, еден и пол милиони Ерменци биле депортирани, масакрирани и испратени во смрт во кампањите за истребување“, соопшти Бајден на Денот на сеќавање на геноцидот на Ерменците.

Околу 1,5 милиони Ерменци биле убиени во периодот кога Отоманското Царство се распаѓало и се создавала модерната турска држава. Турција жестоко се противи на ваквата одлука на Бајден. Од никого нема да добиваме лекции по исотрија, изјавата на Бајден е популистичка изјави министерот за наводешни работи Мевлут Чавушоглу.

Scroll to Top