Бил Гејтс со нов придонес во поделбата на вакцини за сиромашните земји

пред 3 години

Нов кампања за масовно собирање финансиски средства има за цел да инспирира 50 милиони луѓе ширум светот да направат мали донации за потребите на „Ковакс“ механизмот, за еднаква дистрибуција на вакцини против коронавирус, објави агенцијата АП.

Наречена „Оди дади една“ (Go give one), кампањата ја започна Фондацијата на Светската здравствена организација (СЗО), како и корпоративни, верски и светски лидери.

Првите средства беа обезбедени од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата „Ковакс“, неопходна за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања, во текот на следната година.

Таа поддршка ќе дојде од донатори кои придонесуваат во кампањата, како и договори за поделба на трошоците.

Пред тоа, 6,3 милијарди долари дадени за „Ковакс“ дојдоа првенствено од владите на бројни земји, како и од СЗО, УНИЦЕФ и Коалицијата за борба против епидемии.

Scroll to Top