(Видео) Се преврте брод со туристи во Турција

пред 4 години

Најмалку едно лице загина денес кога туристички брод со околу 30 патници се преврте во близина на турскиот медитерански град Аланија.

Новинската агенција Анадолија објави дека бродот се превртел во близина на пештерата, која е туристичка дестинација, на околу 100 метри од брегот.

Спасувачките екипи од турската крајбрежна стража пристигнаа на местото на несреќата и во тек е операција за спасување, јави Анадолија.

Според последните информации, телото на удавено лице било извлечено од водата и станува збор за руски државјанин.

Засега не е позната причината за превртувањето на бродот.

Scroll to Top