Бугари од Софија му порачаа на Путин да го пушти Навални од затвор

пред 3 години

Протест на повеќе граѓански организации за поддршка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се одржа пред руската амбасада во Бугарија.

Освен во Софија, протести се одржаа и во Бургас. Околу 100 луѓе изразија незадоволство од режимот на рускиот претседател Владимир Путин и побараа итно ослободување на опозиционерот Алексеј Навални.

Демонстрантите, кои скандираа „Слобода“, бараа Навални веднаш да биде ослободен и да му се пружи медицинска помош поради информации дека неговата здравствена состојба е влошена. .

Иницијатори на протестот се руски државјани кои живеат во Бугарија, поддржани од бугарските граѓански здруженија „Борец“ и „Јавна контрола“. Една од организаторките на протестот, Флора Ахметова, изјави дека „еден ден Русија ќе биде слободна, но каузата на Навални има потреба од силна поддршка на секој демократ“. Меѓу присутните се наоѓале и поранешни бугарски пратеници.

Бугарија кон крајот на март откри шпионска група која работела за руското воено разузнавање во земјата. Според властите, руските шпиони собирале важни информации за вооружувањето на бугарската армија со американски авиони Ф-16 Блок, како и информации поврзани со активностите на НАТО не само во земјата, туку и во регионот на Црното Море. Водачот на оваа група комуницирал со дипломати од руската амбасада во Софија, кои подоцна беа прогласени за непожелни од страна на бугарските власти.

Scroll to Top