(Видео) Едно лице загина во свлечиште во Норвешка кое „проголта“ 12 згради

пред 3 години

Едно лице загина во свлечиште што се случи вчера на околу 30 километри од норвешката престолнина Осло.

Спасувачки екипи и кучиња трагачи пронајдоа едно тело, непосредно откако започнаа ризична потрага по 10 лица исчезнати во свлечиштето кое однесе дел од станбена населба составена од повеќе од 12 згради.

Отпрвин, се чинело премногу опасно да се испратат спасувачки екипи, па местото на несреќата во селото Аск, било пребарано од воздух, со хеликоптери и со помош на беспилотни летала.

Но, полицискиот командант Рој Алквист проценил дека една или две куќи биле безбедни за влез, па денеска попладне хеликоптер на брза помош слетал во близина на местото на несреќата, а полицијата извести дека телото е пронајдено околу 14,30 часот по локално време. Нема објавено детали за идентитетот.

Scroll to Top