(Видео) ЕУЛЕКС упадна во куќата на Хашим Тачи

пред 4 години

Припадници на ЕУЛЕКС ја пребаруваат куќата на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, јавуваат приштинските медиуми.

Припадниците на таа мисија влегле и во куќата на лидерот на ДПК, Кадри Весеjи.

https://fb.watch/1AQxp2_-cM/

Силите на ЕУЛЕКС од утрово се во седиштето на Демократската партија на Косово, додека припадници на косовската полиција се пред просториите на партијата.

Тачи од вчера е во притвор во Хаг, откако обвинението го потврди Специјалниот суд.

Тачи, Кадри Весеjи и други осомничени се обвинети за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.

Scroll to Top