Во Италија рекордна бројка од речиси 40.000 новозаразени

пред 3 години

Италија има скоро 40.000 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Здравствените служби пријавија 39.811 новозаразени и 425 смртни случаи, соопшти Министерството.

Во Италија, 41.063 лица починаа од Ковид-19, а вкупно 902.490 се заразиле од почетокот на пандемијата.

Северниот регион Ломбардија е најпогоден, а после него е соседниот Пиемонт.

Scroll to Top