Рекордна бројка на нови случаи и во Бугарија, се затвораат ноќните клубови и дискотеките

пред 4 години

Софија, 27 октомври 2020 (МИА) – Во Бугарија се интензивираат антиепидемиските мерки – ноќните клубови и дискотеки се затвораат, а средношколците и студентите ќе следат онлајн настава во следните две недели, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство.

Сите спортски настани се забранети, а работењето на кината и театрите е ограничено на 30 проценти од капацитетот до 12 ноември.

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 2.243 новозаболени лица, најмногу од почетокот на пандемијата.

Заклучно со март, во Бугарија се потврдени вкупно 40.143 случаи на инфекција со коронавирус и 1.146 смртни случаи.

Scroll to Top