Косово: Рекордна бројка од 661 заразен со коронавирус

пред 3 години

Во Косово вчера се извршени 1.617 тестови со методот РТ-ПЦР, при што е регистрирана рекордна бројка од 661 новозаболен од Ковид-19 во еден ден.

Како што објави попладнево Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), бројката на заразени од коронавирусот од почетокот на пандемијата достигна до 22.206 од вкупно 102.012 лица кои се тестирани поради сомневање дека се заразени.

Според редовниот 24-часовен извештај на ИКШПК, вчера починале шестмина од заболените, со што вкупниот број на жртви на пандемијата се искачи на 720.

Како излекувани вчера се евидентирани 92 пациенти, а од почетокот на епидемијата болеста досега ја совладале 15.921 лице.

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 5.565 активни заболени.

Scroll to Top