Во светот има околу 4000 варијанти коронавирус

пред 3 години

Во моментов постојат околу 4.000 варијанти на коронавирусот ширум светот, изјави денеска британскиот заменик министер задолжен за вакцините за Ковид-19, Надим Захаваи за Скај Њуз.

Тој додаде дека постои „библиотека“ со мутации на коронавирусот за да се обезбеди Велика Британија да биде подготвена да одговори со ажурирани вакцини.

– Во моментов има околу 4.000 варијанти на Ковид низ целиот свет. Сите производители – Фајзер/Бионтек, Модерна, Оксфорд/АстраЗенека и други – гледаат како можат да ја подобрат вакцината за да бидат сигурни дека сме подготвени за секоја варијанта, рече Захаваи.

– Имаме најголема индустрија за секвенционирање на геном – имаме околу 50 проценти од светската индустрија за секвенционирање на геном – и чуваме библиотека со сите варијанти за да бидеме подготвени да можеме да одговориме, без разлика дали на есен или потоа, на секој предизвик кој вирусот може да го покаже, и да се произведе следната вакцина за да можеме секогаш да го заштитиме Обединетото Кралство и секако и остатокот од светот, истакна тој.

Scroll to Top