Во Франција предлагаат луѓето што прележале Ковид-19 да примаат само една доза вакцина

пред 3 години

Француските здравствени власти предложија денеска да се користи само една доза антиковид вакцина кај луѓе кои веќе се заразиле со коронавирус. Тоа е прва држава што дава таква препорака.

Луѓето кои биле излекувани од Ковид-19 веќе имаат развиена имуно-меморија кога биле заразени, а една доза од вакцината би играла улога на потсетник, пишува во своето мислење Високата здравствена управа, кое допрва треба да добие одобрение од владата.

Администрацијата наведува дека треба да се чека повеќе од три месеци по болеста, а уште подобро шест месеци пред да се даде една доза вакцина.

Здравственото тело наведува дека досега ниту една држава нема заземено став за вакцинација со единечна доза на лица кои прележале Ковид-19.

Тоа решение се споменува последните денови во неколку студии спроведени во САД и Италија, но се уште не е оценето од други научници.

Истражувачите кои ги спроведоа тие анализи наведуваат дека покрај здравствените придобивки, само една вакцина би придонела за заштеда на дозата во сегашната ситуација со слабо снабдување со вакцини.

Француската влада обично го следи мислењето на Високата здравствена управа. Сепак, на крајот на јануари не ја одобри препораката на Управниот одбор за продолжување на првично препорачаниот интервал помеѓу првата и втората вакцина на Фајзер.

Scroll to Top