Градоначалникот на Петриња се премисли: Смета дека е недоволна, но не ја враќа помошта

пред 3 години

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, ја дообјаснува изјавата дека ќе ја врати државната помош од 30 милиони куни, која му беше доделена на градот како првична помош за санирање на штетите од земјотресот.

„Не ги вратив парите, само реков дека не ми требаат, реков дека преспав и донесов одлука дека тоа е понуда што не е прифатлива за мојот персонал, за мене како човек“, вели Думбовиќ.

„Лично разговарав со премиерот и му кажав дека треба да имаме уште посилна комуникација при прераспределбата на средствата, дека политиката или какви било конфликти во овој момент не ни требаат. Не треба да ја приватизираме оваа катастрофа и да се зборува дека мојата изјава е кампања. Мојата кампања почина со мојот град, Петриња доживеа огромна трагедија“, рече Думбовиќ.

Тој вели дека добил ветување од премиерот Андреј Пленковиќ дека ќе добијат уште помош.

„Премиерот даде збор и рече – не ни помислувајте дека нема да дадеме повеќе. Ние сметавме дека не е прифатливо Глина да добие 25, а ние 30 милиони куни. Тоа беше неприфатливо, но ни рекоа дека ќе добиеме повеќе “, рече Думбовиќ.

Потребна ни е помош од сите, додаде тој, од Европа и Меркел.

„Ако не ни помогнат, тогаш не ни треба таква Европа“, рече Думбовиќ.

Scroll to Top