Револтираниот градоначалник на Петриња и ја враќа помошта од 30 милиони куни на државата

пред 3 години

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ најави дека ќе и ја врати на државата помошта од 30 милиони куни обвинувајќи за мешање на политиката во распределбата на средствата за погодените подрачаја.

„Нема да ги земам 30-те милиони куни кои ги одреди жупанот Иво Жинчиќ од вкупната сума намената за подрачајето погодено од земјотресот. Ако сака владата да му помогне на Петриња нека ни прати директна помош и тоа врз основа на стручна порценка“ – изјави градоначалникот кој тврди дека критериум при распределбата на парите не биле висината на штетата и бројот на луѓте кои треба да бидат згрижени туку политичката припадност.

„Во градот нема ниту една институција кој не е погодена. Останавме без струја, вода, уште се тресе, паѓаат цигли. Најмногу се плашам дека некој ќе настрада. 20 години ни требаа да го обновиме градот, а сега мораме да урнеме две училишта, катастарот, судот, целиот центар. На секој чекор се чувствува политичко влијание. Помош се дели на кого треба и на кого не треба. Петриња има 24 илијади жители, Глина има околу две илјади, со околината вкупно девет илјади. Ако од 100 милиони на Петриња му дадете 30, а на Глина 25 милиони треба да објасните по кој клуч делите“ – рече Думбовиќ.

Scroll to Top