Европските градови повикани на едноминутно молчење за оддавање почит за жртвите на Ковид-19

пред 3 години

Здружението „Eurocities“ ги повика градовите низ Европа в среда со едномутно молчење да им оддадат почит на жртвите на пандемијата на коронавирусот.

„Една година по почетокот на пандемијата на коронавирусот, мрежата градови Eurocities ги поканува сите на европска минута молк. Заедничка комеморација ќе се одржи в среда напладне”, објавено е на веб-страницата на Eurocities.

во тоја здружение се речиси 40 земји.

Еден од градовите што веднаш го потврди своето учество е Будимпешта.

Градоначалникот Гергели Караксони на Фејсбук изјави дека овој гест е знак на признание за работниците од првите редови на борбата против коронавирусот.

„На Европа и треба заеднички момент“, нагласи Дарио Нардела, претседател на Eurocities и градоначалник на Фиренца.

„Бидејќи во моментов не се можни настани, секој за себе треба да учествува во едноминутен молк за себе, а како поддршка на споделеното искуство. Во знак на поддршка планиран е „пренос во живо“ со Дарио Нардел“, се додава на нивната веб-страница.

Scroll to Top