ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

пред 3 години

Дигиталните т.н. „зелени сертификати“, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите вакцини против Ковид-19, а граѓаните на трети земји исто така ќе можат да ги имаат, беше објавено денеска во Брисел.

Европскиот комесар за правда, Дидие Рејндерс, на дебата пред Комитетот за слободи и правда на Европскиот парламент, рече дека главната цел на дигиталните зелени сертификати е да го олеснат слободното движење во ЕУ и да им помогнат на граѓаните да го вратат своето право на слободно патување, на начин прилагоден на здравствената состојба.

Хрватска и 12 членки на Европската Унија веќе постигнаа договор за критериумите за издавање на т.н. ковид-пасоши, односно зелени пасоши, кои би го олесниле протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено вчера.

Зелениот пасош ќе обезбедува информации преку QR-код за тоа дали неговиот носител е вакциниран, тестиран или прележал коронавирус.

Scroll to Top