Исламисти се закануваат на семејството на австрискиот министер Нехамер

пред 4 години

По терористичкиот напад и акциите против исламистичката сцена во Австрија, министерот за внатрешни работи Карл Нехамер се соочи со закани упатени кон него и неговото семејство.

Министерството за внатрешни работи потврди дека министерот добил закани и дека поради тоа неговата сопруга и двете деца добиле деноноќна полициска заштита од специјалната единица Кобра.

Исламистите ја изразуваат својата омраза кон министерот Нехамер пред сè преку социјалните мрежи.

Сите закани, како што се наведува, се сфаќаат многу сериозно и поради тоа е утврдено дека покрај министерот, и неговото семејство ќе добие полициска заштита.

Scroll to Top