Истече отровен гас во унгарска фабрика, 28 работници во болница

пред 4 години

Во индустриска зона во централна Унгарија денеска 28 лица се затруени со гас биоетанол, од кои 13 се во тешка здравствена состојба.

Надворешниот резервоар од седум кубни метри бил наполнет со погрешна супстанца поради што дошло до хемиска реакција и истекување на биоетанол.

Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на отровниот гас, а на местото на несреќата пристигнале и специјалисти за безбедност кои помагаат во отстранување на последиците.

Локалното население не е загрозено.

Scroll to Top