Кина го олеснува визниот режим за странците вакцинирани со кинеската вакцина

пред 3 години

Кина објави дека ќе го поедностави визниот процес за странски државјани вакцинирани со една од кинеските вакцини против Ковид-19, правејќи го последниот мал чекор кон нормализирање на меѓународните патувања.

Вакцинираните патници кои пристигнуваат во Кина со авион, сепак мора да имаат негативен тест за коронавирус, како што се бара со сегашните прописи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Цао Лијан. Како што нагласи, Кина е подготвена да се согласи на заемно признавање на сертификатите за вакцинација со други земји.

Кинеската амбасада на Филипините претходно соопшти дека се враќа на визниот режим што беше воспоставен пред пандемијата за сите вакцинирани со кинеската вакцина.

Во саботата, Кина го објави процесот на издавање визи за вакцинираните странци кои влегуваат во Хонг Конг.

Кина главно ја извезува својата вакцина во трети земји.

Scroll to Top