Конашенков: Над 1000 украински војници се предадоа во Мариупол

пред 2 години

1.026 украински војници на 36-та поморска бригада се предадоа во Мариупол, потврди официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„ Во градот Мариупол, во областа на металуршкиот комбинат Илич, како резултат на успешните офанзивни акции на руските вооружени сили и полициските единици на Народна Република Доњецк, 1.026 украински војници на 36-та поморска бригада доброволно го предале оружјето и се предале“, рече Конашенков.

Според него, меѓу оние кои се предале има и 47 жени. Меѓу нив има 151 ранет и им била укажана прва помош, по што се префрлени во градската болница во Мариупол.

Претходно, лидерот на Ченај, Рамзан Кадров, објави дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале во Мариупол.

Вчера од Мариупол дојдоа драматични снимки на украински маринци, а според пишувањата на медиумите тие останале без муниција. Исто така, група од нив објавија видео во кое најавуваат дека немаат избор и дека мора да се предадат.

Тие рекоа и дека руските војници го опколиле градот и дека само групата „Азов“ останала да го брани градот.

Scroll to Top