Курти во вторник во Брисел на средба со балканските лидери

пред 3 години

Косовскиот премиер Албин Курти ќе отпатува во вторник во Брисел, каде ќе присуствува на неформална средба на лидерите на Западен Балкан, во организација на шефот на дипломатијата на Европската унија Жозеп Борел.

Веста во изјава за приштинските медиуми ја потврди портпаролот на косовската Влада, Прпарим Криезиу, кој исто така информира дека Курти на вечера организирана од Борел ќе ја оствари и својата прва средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Меѓутоа, како што нагласи Криезиу, оваа средба не значи и најава на подолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија, туку „ќе послужи за комуникација и дискусија на сите лидери од регионот меѓу себе и со Европската унија, околу она што претставува заеднички интереси и цели“.

– Ќе се сретнат сите претставници, односно лидери на Западен Балкан. Ова е и добра можност да се развие дискусија околу билатералните односи меѓу земјите на Западен Балкан и со ЕУ. Тоа е добар форум за да се дојде до отворена дебата околу стремежите на државите во однос на ЕУ и за другите облици на соработка, изјави Криезиу.

Scroll to Top