Лукашенко го најави новиот Устав на Белорусија

пред 3 години

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, најави дека нацртот на новиот Устав на земјата ќе биде готов до крајот на оваа година, а потоа ќе биде распишан референдум за негово усвојување.

Ова го објави „РИА Новости“, а го пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Белорусија ја тресат опозициски протести уште од 7 август, а демонстрантите ја оспоруваат валидноста на резултатите од претседателските избори, но Лукашенко, кој е претседател од 1994 година, ги отфрли критиките од неговите политички противници.

Scroll to Top