Макрон најави воведување карантин низ цела Франција од петок

пред 4 години

Францускиот претседател Емануел Макрон, при телевизиското обраќање до нацијата, го потврди она што се очекуваше – воведување построги мерки во борбата против Ковид- 19, односно дека е потребно „да се оди понатаму“ за да се запре вирусот, со воведување карантин од петок.

– Одлучив дека е потребно да се воведе карантин за да се запре вирусот. Ова се однесува на целата национална територија со прилагодување само за прекуокеанските департмани и територии. Училиштата ќе останат отворени, работата ќе може да продолжи, домовите за стари лица и домовите за пензионери можат да бидат посетени, објасни Макрон.

Како и пролетта, Французите ќе можат да одат на работа, да одат на лекарски консултации, да обезбедат помош, да купуваат… Приватните состаноци и јавните собири се забранети. – Тоа значи враќање на потврдата за излегување надвор, рече Макрон.

Поддршка до 10.000 евра месечно ќе се додели на деловните субјекти кои се административно затворени. Делумната невработеност е проширена за вработените и работодавачите.

Децата ќе продолжат да одат на училиште, односно градинките, основните и средните училишта ќе бидат отворени, додека студентите ќе ја следат наставата преку Интернет.

Сите мерки утре се очекува да бидат детално претставени од Владата, а предвидено е тие да траат до 1 декември.

Scroll to Top