Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

пред 3 години

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите за нивно производство.

Неговиот повик следи по појавата на поделбата помеѓу делови од Европа и САД околу тоа како најдобро да се зголеми глобалното производство на вакцини.

Обраќајќи се на самитот на Европската унија во Португалија, Макрон рече дека богатите земји мора да го споделат својот капацитет за вакцини и на тој начин да им помогнат на помалку развиените земји.

Макрон исто така рече дека светот со вакцините против Ковид-19 може да се обиде да стори нешто слично на она што беше направено пред повеќе години со лековите за ХИВ, кога беа прескапи за сиромашните нации.

Во моментов, околу 1,25 милијарди дози вакцини се администрираат низ целиот свет. Сепак, помалку од 1% се дадени на 29 најсиромашни земји во светот, според новинската агенција АФП.

Scroll to Top